Советот на Општина Центар одлучи објектот на поранешниот ресторан „Кај Злате“, кој се наоѓа во населбата Пролет, а е во сопственост на Општина Центар, да го даде на користење на Црвениот крст на Град Скопје. Со ова, општината и Црвениот крст покренуваат заедничка акција за ангажирање и помош на лицата со посебни потреби, со што ќе се овозможи полесен пристап до услугите и придобивките од работата на организацијата на територија на општината.
Советот на Општина Центар на вчерашната седница го усвои и буџетот за 2019-та година, како и годишниот план за вработување и програмата за работа на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ).