Милан Поповиќ (54) потврдил дека чека трето дете, односно второ со партнерката Бојана (25) со која веќе го има синот Милан (2), пишува „24сата.хр“.
– Сите сме исклучително среќни. Ни пристигнува трето бебе – рекол за „24сата.хр“ српскиот бизнисмен кој и со хрватската пејачка Северина има син.
Милан и Бојана се запознале во Белград пред четири години, а ретко заедно се појавуваат во јавноста.
– Таа студира маркетинг, потекнува од добро белградско семејство, многу е згодна, образована, млада, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена за шега – рекол тогаш Милан и додал дека Бојана „е мила и дека ќе биде супер мајка“.