View this post on Instagram
Полицајците вчера беа фотографирани покрај куќата, а соседите им рекле дека го виделе мажот како стои на кровот на вилата.
Кога полицијата пристигнала на имотот, Фаваз повеќе не бил на кровот, туку во куќата. Штетата на вилата ја опишале како „обемна“, а наводно се работи за трошок од пет милиони фунти.
„Човекот е приведен под сомнеж дека направил голема штета. Одведен е во полициската станица во Лондон на разговор“ пишува во соопштението на полицијата.
Фаваз во последните три години по смртта на Мајкл живее во неговата раскошна вила, но без дозвола и нема намера да се исели. Откако беше отворен тестаментот на Мајкл се виде дека пејачот не му оставил ништо од имотот проценет на 100 милиони фунти.