Поранешниот градоначалник на Кавадарци, А.П., кај кого пред една недела полицијата при претрес пронајде археолошки монети, денеска доби уште една пријава.
Сега МВР ги сомничи него и уште лица, управители во фирми, за злоупотреба на службената положба и за бесправно градење.
„Поранешниот градоначалник кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што како градоначалник на Општина Кавадарци, ја злоупотребил својата службена положба и овластување во врска со градба на модуларна паркинг гаража на улицата 1 Мај на државно земјиште, иако знаел дека за таквата градба нема одобрение издадено од надлежен орган и е исплатена висока фактура за катната гаража, со што направил вкупна материјална штета на буџетот на општината во вредност од 29.773 961 денари“, соопштија од МВР.
Второпријавениот е од фирмата изведувач, а третиот е од фирма која правела надзор. Според МВР, тие работеле иако знаеле дека нема одобрение за градба.