OПоранешниот амбасадор во Љубљана Томислав Димитровски вчера по кавга со сосед репетирал пушка во комшијата. Од МВР информираат дека А. Д. пријавил дека во зграда на улица „Тодор Александров“ во Скопје неговиот сосед Т.Д., по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.
– Полициски службеници веднаш по добивање на пријавата излегле на местото на настанот. Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.