Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен денеска ќе почне да ја издржува тригодишната затворска казна.
Коен е осуден за кршење на прописите за финансирање на кампањата.
Тој треба да се јави во затворот во Отисвил, околу 110 километри северозападно од Њујорк, до 14 часот по локално време.
Коен првично требаше да почне со издржување на казната во март, но судијата му дозволи два месеца одмор за да заздрави по операција на рамото.
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO