Поранешна американска контраразузнавачка пребегна во Иран

411
ФОТО: The New York Times

Поранешна американска контраразузнавачка Моника Елфиде Вит обвинета е за откривање на тајни информации на Техеран. Таа пребега во Иран откако го открила кодното име и тајни мисии на една програма на Пентагон.

Вит работеше за контраразузнавачката служба на американското воено воздухопловство.

Американското државно обвинителство наведе дека 39-годишната Вит пребегнала во Иран во 2013 година откако присуствувала на собир во Техеран, чија цел било „осуда на американските морални стандарди“.

Вит е недостапна за американската правда, како и уште четворица ирански хакери, кои според обвинителите, користеле информации кои таа им ги доставила против нејзините поранешни колеги од американската разузнавачка заедница.

– Четворица Иранци дејствуваа во корист на Иранската револуционерна гарда и за нив се распишани потерници – наведоа обвинителите.

Според обвинението Вит која заминала од американското воено воздухопловство во 2008 година и подоца работела по договор за Министерството за одбрана, им открила на Иранците коднот име и доверлива мисија на една специјална пристапна програма на Пентагон.

Вит во порака до неименувано лице навела „Доколку се друго пропадне, можам да излезам во јавност со  таа програма и да направам тоа што го направи (Едвард) Сноуден“, поранешен службеник во Националната безбедносна агенција (НСА), кој објави американски доверливи информации.

ФОТО: The New York Times

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...