Поранешната сопруга на Џони Деп е во врска со жена која е тешко болна ФОТО

Oва не е прва љубовна врска на контроверзната актерка по нејзиниот развод со холивудската ѕвезда Џони Деп.

902

Според написите во странските медиуми, Амбер Херд е во љубовна врска со директорката на фотографија Бјанка Бути.

Имено, ова не е прва љубовна врска на контроверзната актерка по нејзиниот развод со холивудската ѕвезда Џони Деп, со кого сè уште се суди поради обвинувањето за семејно насилство, клевета и навреди.

Она поради што е специфичен односот на Амбер и нејзината нова девојка е тоа што името на Бјанка во последно време најчесто се спомнува во контекст нејзината болест – ракот на дојка, со која се соочила пред четири години, а која, како што пренесуваат странските медиуми, повторно ѝ се појавила лани.

Бјанка лани заврши на насловните страници на американските весници и портали бидејќи актерот Кијану Ривс, кога дознал дека е болна, организирал кампања за собирање пари за нејзиното лекување.

Како што истакнуваат медиумите, поранешната сопруга на Џони Деп ѝ е голема поддршка, а тоа воопшто не изненадува земајќи предвид дека Амбер повеќепати изјави дека многу подобро ѝ оди со жените.

Нејзината четиригодишна врска со фотографката Тајса Ван Ре прекина токму кога Амбер ја почна врската со Џони Деп, кој, пак, ја раскина својата врска со Ванеса Паради.

Bianca Butti

FOTO: Instagram/Printskrin

ФОТО: EPA/ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...