Поранешната сопруга на Роман Абрамович се мажи за грчки милијардер: Свадбата ќе чини 5 милиони фунти

Русинката судбоносното „да“ ќе го изговори пред 500 гости од светот на шоу-бизнисот, спортот, културата и политиката.

2793

Даша Жукова (38), поранешната сопруга на рускиот милијардер Роман Абрамович, викендов се мажи за богатиот грчки наследник Ставрос Ниархос во швајцарскиот монденски ски-центар Сент Мориц.

Русинката судбоносното „да“ ќе го изговори пред 500 гости од светот на шоу-бизнисот, спортот, културата и политиката.

Свадбата ќе се одржи во простран шатор во кој можат да се сместат 500 луѓе, а сите гости ќе бидат сместени во луксузен хотел недалеку од шаторот.
Даша и Ставрос се свршиле на почетокот на летото, а во октомври впловиле во брачните води и направиле интимна прослава за најтесниот круг на семејството во Париз.

Сега дојде време и за гламурозната венчавка, а како локација го избрале елитниот ски-центар.

Сите гости ќе отседнат во луксузен хотел недалеку од шаторите за венчавката, а колку оваа локација е барана за специјални венчавки на светските милијардери го потврдува фактот дека тука својата венчавка ја организирал најбогатиот Азијат Мукеш Амбани.

Даша пред три години се разведе од милијардерот Роман Абрамовиќ со кого има две деца. Во брак беа 10 години, а 15 години помладата Даша, ќерка на руски магнат, му беше трета сопруга на Абрамович.

Дарија и Ставрос се познаваат неколку години и прво биле пријатели, а потоа нивното пријателство прераснало во врска.

Ставрос потекнува од богато грчко семејство на грчки бродоградители, а само уметничката збирка на неговиот татко се проценува на преку две милијарди долари.
На венчавката, помеѓу останатите, се очекуваат Дејвид Бекам, Давид Гефен, Карли Клос и нејзиниот сопруг Џош Кушнер, Дијана вон Фурстенберг, Џенифер Мејер, Гвинет Палтроу…

Нивната задоцнета прослава се проценува дека чини неверојатни 5 милиони фунти.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...