Актерот Леонардо Дикаприо беше во врска со многу убавици, а една од нив е и манекенката Бар Рефаели.
Топ-моделот Бар Рафаели (34) пред еден месец на свет го донесе третото дете и успеа да ја врати витата става, што јасно се гледа во видеоснимката која ја објави на својот инстаграм-профил.
Израелската манекенка честопати беше во центарот на вниманието оваа година. Како прво, таа стана мајка по третпат и за само еден месец ја врати својата совршена фигура, а како второ, поради скандалот за неплаќање данок за милионски суми, поради што ѝ се закануваше и казна затвор.
Рафаели позира како од мајка родена, а доби и пофалби од обожавателите дека изгледа фантастично.
View this post on Instagram