Порака од обвинетиот пратеник Василевски: „Да ојме во Собрание без кравати, да не ни сметет“

1176

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска се презентираат дополнителни докази на обвинителството за случајот 27 април, меѓу кои и пораки добиени при вештачењето на телефонот на Јохан Тарчуловски. Според тоа, обвинетиот пратеник Сашо Василевски, во Вибер порака на 12 април испратил порака околу 9 часот во која им посакува добро утро на членовите на групата и им пишува да не носеле вратоврски во Собранието, пренесува МКД.мк.

Пораката што била испратена од Василевски, а која денес пред судот ја презентираше обвинителката Ивана Трајчева е со содржина: „Добро утро за сите, за колегите ќе е подобро денеска да ојме во Собрание без кравати, да не ни сметет“.

На ова Димитар Стевананџија по 10 минути му возвраќа со порака: „Саше, добро е да имаш подолга и да ја фрлаш како ласо. Навежбај се“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...