Поради снежно невреме, стотици возачи во Велика Британија ноќта ја поминаа во автомобили и пабови

416

Стотици возачи во Велика Британија ноќта ја поминаа во автомобили или во засолништа, пабови или училишта, откако голем дел од земјата беше зафатена од снежно невреме.

Најниската температура од минус 15 степени Целзиусови е регистрирана во Шкотска, што е најниска температура во Велика Британија од 2012 година.

И во умерениот Лондон денеска падна снег.

Полицијата ги советува возачите да не патуваат доколку тоа не е неопходно.

Во југозападниот дел на Англија, повеќе од сто луѓе кои заглавиле на патот ноќта ја поминаа во пабот „Јамајка Ин“, популарна меана во Корнвол од 18. век, каде Дафне ди Морије го напишала својот роман „Јамајка Ин“.

Возачот Пол Драј изјави дека луѓето доаѓале во раните утрински часови, ги оставале автомобилите и пешачеле по неколку километри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...