Поради протести на опозицијата, одложена седницата на Парламентот во Тирана (ВИДЕО)

164
ФОТО: Принтскрин

Поради протестите на опозицијата, одложена седницата на Парламентот во Тирана, пренесуваат албанските медиуми.

Синоќа беше објавено дека според сознанијата на полицијата, ќе има обид за насилно влегување во Собранието.

Во исто време се огласија од Нацоналната гарда со совет за новинарските екипи со себе да понесат гас маски.

Инаку, за безбедоста денеска ќе бидат ангажрани околку 2.000 припадници на полицијата, Гардата, специјалните единици, идентично како и на протестот одржан во саботата, кога имаше обид насилно да се влезе во зградата на Владата.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...