Поради пропусти дошло до првиот инцидент во Шутка, вториот можел, но не бил спречен

533

Од истражниот затвор „Скопје“ во денешното соопштение ја известуваат јавноста дека директорот на затворот Ѓоко Котевски и формално ја поднесе својата оставка до Владата на Република Северна Македонија по настаните кои резултираа со физички пресметки во затворот на 21-ви овој месец.

– Покрај преземената одговорност од професионален и морален аспект, директорот подготви извештај за случувањата во затворот на 21 февруари во кој се констатирани пропусти и прекршувања на протоколите за работа од страна на службата за обезбебедување – се наведува во соопштението.

Како резултат на пропустите, како што е посочено, бил овозможен првиот вербален и физички инцидент, а подоцна не бил спречен вториот вербален и физички инцидент, иако постоеле можности за превенција.

Покрај оставката на директорот, согласно констататираните наоди во извештајот, покренати се дисциплински постапки за инволвирани лица кои ги прекршиле протоколите за работа.

Извештајот е доставен до Управата за извршување на санкции, до Министерството за правда и до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...