Азилот на Асанж бил укинат од страна на претседателот на Еквадор, Ленин Морено, по излегување во јавноста повеќе од 200 приватни пораки и фотографии на Морено, според западни медиуми.
На фотографиите тој заедно со сопругата ужива во луксузен одмор во Европа и консумира јастог во хотелски кревет.
Овие фотографии предизвикале голем револт кај јавноста во Еквадор, а претседателот го обвинил Асанж за објавувањето на фотографиите. Основачот на Викиликс го демантирал тоа.
Поради тоа, Морено го обвинил и за шпионирање, дека му го хакирал приватниот телефон.
На Асанж му се заканува да биде испорачан во Шведска, каде се гони за сексуално злоставување, како и САД, каде го бараат поради објавување на стотици доверливи документи.
ФОТО: EPA / STRINGER