Поради непристојни зборови упатени кон судиите, Ембид казнет со 25 илјади долари

56
ФОТО: МИА

Раководството на НБА-лигата парично го казни центарот на Филаделфија, Џоел Ембид со 25 илјади долари поради непрестијни зборови упатени кон судии.

Ембид си дозволи да го критикува судењето на натпревар со Бостон (109: 112).

Тој на прес-конференцијата по натпреварот изјави:

– Судиите еб.но смрдат.

Натпреварот се одигра ноќта вторникот кон средата, а Ембид го заврши со 23 поени и 14 скока и беше најдобар во поразениот тим.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...