Поради најавен дожд „Самрак на боговите“ ќе се игра во центарот за култура „Григор Прличев“

Претходно беше најавено дека драмата ќе се одигра на сцената Долни Сарај.

358

Поради најава за дожд, претставата „Самрак на боговите“, наместо на сцената Долни Сарај ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“, соопшти дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата е во продукција на СНГ Драма од Марибор, Словенија, работена според сценариото на Лукино Висконти, Енрико Медиоли и Никол Бадалуко, а во режија на Далибор Матаниќ.

Улогите ги играат Јоаким фон Есенбек – Милош Бателино, Ашенбах – Кристијан Останек, Фридерих Брукман – Војко Белшак, Софи фон Есенбек – Наташа Матјашец, Мартин, нејзиниот син – Петја Лабовиќ, Константин фон Есенбек – Давор Херга, Гунтер, неговиот син – Матевж Бибер, Херберт Талман – Жан Копривник и Елизабет Талман – Ева Краш. Драматург на претставата е Ивор Мартиниќ, сценограф – Марко Јапељ и костимограф Лео Кулаш.

Една од главните теми на филмот „Падот на боговите“ на Висконти е тесната врска меѓу капитализмот и фашизмот, кој е вкоренет длабоко во германското тајкунско семејнство Фон Есенбек. По смртта на семејниот патрон, во прашање е неговото наследство и неговото преземање од различни страни, иако наследниците сé уште не сфатиле дека се земени како заложници од помоќна политичка машинерија со нивната алчност и ситни декадентни индулгенции. Серијата на семејни расправии го расцепува наследството на моќната династија, обелоденуваќи ја здодевната патолошка состојба и перверзност, како и бескомпромисните егоистички интереси на членовите. Севкупно, ова ново поставување е голема фреска која сé уште е изненадувачки актуелна.

Преку спротивставеноста на политиката и интимните манипулации, особено во поглед на меѓучовечките односи, претставата „Самрак на боговите” покажува колку детално нацистичката влада манипулираше со своите граѓани години пред официјалното започнување на Втората светска војна. Семејството ќе ги убие сопствените водачи додека не се уништи самото. А само поради единствена причина – бидејќи целото семејство подлегнало на идеи за подобра држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...