Родителите од француското место Крет ан Белдон се обиделе да го спречат укинувањето на едно одделение во локално основно училиште така што по кратка постапка „запишале“ 15 овци.
Во март, училиштето било информирано дека едно од 11 одделенија следната година ќе биде укинато, бидејќи бројот на запишаните ученици се намалил од 266 на 261.
Еден одгледувач донел во училиштето 50 овци и куче, а 15 овци биле симболично запишани во присуство на учениците, родителите и наставниците.
Член на здружението на родители и еден од организаторите на акцијата, Гаел Лавал, изјавил дека во местото постојат „деца со пречки во развојот“, но дека Министерството за образование е заинтересирано само за бројки.