Поради марихуана, лишени од слобода биле две лица од Гостивар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– Во понеделникот околу 23.00 часот во Гостивар лишени од слобода се Б.Б.(32) и А.К.(33). Кај нив била пронајдена марихуана. Тие се задржани во Полициска станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци – велат од МВР.