Поради концертот на Чолиќ, посебен режим на сообраќај

309

Во сабота со почеток во 20 часот на стадионот „Тодор Проески“ ќе се одржи концерт на пејачот Здравко Чолиќ. Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 18 до 23 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на булевар Илинден,
улица Аминта 3-ти и улица Наум Наумовски Борче. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...