Поради климатски промени исчезнала древна цивилизација пред 3.800 години ВИДЕО

Археолозите докажаа дека промената на климата во Перу предизвикала исчезнување на древна цивилизација пред 3 800 години.

967

Археолозите прикажаа ѕид со мурал, најден во јавна церемонијална зграда на локалитетот Вичама, северно од главниот град на Перу, Лима. Муралот се верува дека потекнува од 1.800 година пред нашата ера.

Археологот Рут Шеди Солис смета дека преку претставите на луѓе во облик на жаби, се прикажува собирањето вода од дождовите. Според фигурите, археолозите утврдиле дека настанале во период обележан со глад и жед на населението.

Се смета дека цивилизацијата Карал, која го изработила овој мурал потекнува од пред 5.000 години и е најстара во Америка. Археолошѓкото место Вичама е заштитено од УНЕСКО од 2009 година.

Научниците веруваат дека оваа цивилизација  исчезнала околу 1.800 година пред нашата ера, а археологот Солис смета дека причина за тоа е гладот и жедта предуизвикани од промената на климата во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...