Поради изјава на Јанева и во ,,Насилството во Центар“ се бара изземање на судии

На рочиштето присуствуваат сите обвинети, нивните бранители со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески.

679

Адвокатот од одбраната во предметот „Насилството во Центар“, Боро Тасевски пред почетокот на денешното рочиште побара изземање на судијата од овој предмет Душан Јосифов, како и на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев и неговиот заменик Бајазит Бајазити, но и на в.д. претседателот и заменикот на Апелациониот суд.

Причината за ваквото барање, како и во неколку други предмети на СЈО, е што Катица Јанева во емисија на 24 ТВ изјавила дека постојат судии кои се нелегално прислушувани. Бидејќи не се знае кои се тие судии адвокатите бараат изземање.

– Предлагам да донесете решение со кое истото ќе биде отфрлено како недозволено ако се има предвид дека за претстедателот за судот не може да се поднесе барање за изземање освен кога тој постапува како судија во предметот. Бидејќи не постапува ниту тој ниту неговиот заменик барањето е недозволиво. Во поглед на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелација и неговиот заменик не е дозволено зашто овој предмет не се наоѓа во фаза на одлучување од Апелациониот суд – рече обвинителката Фатиме Фетаи.

За изземањето на судијата Душан Јосифов кој го води овој предмет, Фетаи рече дека судот треба да се произнесе за него, но ако тој бил оштетен ќе се знаело тоа.

Судијата даде пауза за судот да се произнесе за ова барање. Во случајот  „Насилството во Центар“ поврзан со насилните протести пред општината летото 2013 година, првообвинет е Никола Груевски. На обвинителка клупа меѓу десетината обвинети се и Миле Јанакиески и Даниела Рангелова.

 

На рочиштето присуствуваат сите обвинети, нивните бранители со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...