Зградите во кои се наоѓаат Општинскиот, Прекршочниот и Трговскиот суд, како и Општинското јавно обвинителство во Задар утрово се евакуирани поради дојава за поставена бомба.
На терен веднаш пристигнале припадници на одделот за деактивирање експлозиви при Полициската управа во Задар.
– Полицијата ја доби дојавата за бомба околу девет часот утринава – потврди портпаролката на Полициската управа, Ивана Грбин.