Во медиумите се „подгреа“ приказната дека на љубовта помеѓу Кејти Холмс (40) и Џејми Фокс (51) ѝ дошол крајот.
Иако приказните за разделба ги следеле неколкупати во текот на годините кои ги минале заедно, овој пат би можело да биде сериозно и конечно. Имено, Џејми минатиот петок бил фотографиран како напушта еден клуб во Лос Анџелес, во придружба на друга дама.
Фокс до раните утрински часови уживал со пејачката Села Ваве, со која во околу 2 часот по полноќ го напуштил клубот, држејќи ја за рака, и со неговиот автомобил заминале во непозната насока
Додека Џејми ужива во магиите на ноќната забава, Кејти била фотографирана од папараците во Њујорк со ќерката Сури, која ја добила во бракот со Том Круз.
Кејти и Џејми се заедно од 2013 година, а последното заедничко појавување им било во мај оваа година на Мет Гала.
Потсетуваме, во септември 2012 година, како услов за добивање на развод од Том Круз, Кејти прифатила договор во кој има клаузула дека „пет години нема да направи ништо што би можело да го понижи Том Круз“.
Тоа подразбирало и дека актерката не смеела да се појави во јавност со било кој маж, да зборува за Скиентологија или да дава изјави дека е заљубена во друг.
Таа бизарна клаузула истекла на почетокот на септември 2017 година, а Кејти Холмс и Џејми Фокс веднаш потоа биле фотографирани на романтична прошетка на плажа во Малибу.
FOTO: Instagram/Jutjub/Printskrin