Променет сообраќаен режим е воведен од денеска на делниците Петровец – Кадино и Кадино – Хиподром на автопатот А4 поради изведување градежни активности при поставување индуктивни јамки.
На патот Петровец – Кадино времениот режим ќе трае до 8 септември, а на патот Кадино – Хиподром до 12 септември, соопшти АМСМ.