Поп го колне Заев: Ако се причестува, отров да му се стори ВИДЕО

4462

Свештеникот Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија со која раководи г. Петар, повторно излезе на протестите во Битола и повторно упати погрдни зборови за политичарите од актуелната власт.

Качен на фонтаната на градскиот плоштад, со микрофон во рацете, тој им соопшти на демонстрантите дека со Владата на СДСМ раководи Јуда, а притоа се пожали дека на социјалните мрежи добивал бројни критики за тоа дека свештеник во мантија не треба да учествува на политички собири.

– Ме критикуваат за тоа дека учествувам на протестите и ми велат дека Заев бил христијанин кој се причестува. Ако се причестува, тогаш отров нека му се стори причестот – рече поп Стеван.

Оваа негова скандалозна изјава се појави само неколку дена по неговото прво излегување на протест кога истакна дека името на државата ќе го одбранат свештениците со оружје во раце.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...