Џонас брадрс и официјално се вратија на сцената, откако паузираа повеќе од пет години.
Тие им соопштија на фановите дека бендот повторно е во игра, а на Јутјуб излезе и видео спот од нивната нова песна „Sucker“. За неполни два дена, имаат над 19 милиони прегледи.
Во видеото се вклучени и Пријанка Чопра Џонас, Софи Турнер и Даниеле Џонас. Даниеле и Кевин се венчаа во 2009 година, Софи и Џо соопштија дека се верени во 2017, а Пријанка и Ник го кажаа судбоносното „да“ во декември.
– Ние навистина се забавуваме снимајќи го ова видео во Англија. Се надевам дека ви се допаѓа – подвлече Џо на Твитер.
Тој додаде дека одлично е чувството при нечие враќање.
– Мојата сопруга е толку убава во видеото! Каков среќник сум?!- напиша Ник на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм