Камила Кабело открила дека украла нешто од кралската палата кога била во посета на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Популарниот водител Грег Џејмс кој заедно со Камила бил во посета на палатата, самиот признал дека тој ѝ предложил сè на пејачката:
– Бевме толку многу возбудени кога ги запознавме Кејт и Вилијам па ѝ реков на Камила: „Укради нешто! Укради барем пенкало“ – вели популарниот водител.
– Ме предизвикуваш. Не прави го тоа – му одговорила Камила.
„Го ставив пенкалото во чантата на мајка ми, а таа веднаш ми рече: „Мораме да го вратиме пенкалото“. На тоа ѝ возвратив: „Не, тој ме предизвика, морав да го украдам“ – раскажала накратко пејачката Камила.
Кејт и Вилијам на објавата на Твитер сугерирале дека забележале дека Камила краде од нив така што искоментирале со емоџи со „крупни очи“.