Судскиот совет в понеделник се очекува да ја продолжи седницата на која треба да биде покренато прашањето за поротничката на која и истече мандатот, а која вчера не беше разрешена.
Во советот велат дека вчера не стасале да ја разгледаат точката за разрешуањето на поротничките, а која стана актуелна деновиве, окако во јавноста беше спомената во случајот ТНТ кога се дозна дека две поронички имаат наполнето по 60 години и треба да се пензионираат, настрана што едната од нив која била избрана за поротник судија на 24 декември 2015 година нема мандат да биде во судечкиот совет, така како што пропишал законодавецот – мандатот трае четири години.
Како што пишувавме претходно, штом дојде до промена на судечкиот совет во одреден судски предмет, тој се враќа на почеток, а пред ваква неизвесностт се најде предметот ТНТ во кој се обвинети функционери на поранешната власт за уривањето на комплексот „Космос“, инвестиција на бизнисменот Фијат Цаноски.
Пред замка се и предметите „Монструм“, „Топлик“ „Талир“и „Тендери“ затоа што станува збор за ист судечки совет.
Судијата во ТНТ Огнен Ставрев на последното судско рочиште се огради од оговорност кога рече дека само Судскиот совет кој ги избира може и да ги разреши поротниците, но според претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, застарувањето на предметите во Кривичнио суд е резултат на лошото менаџирање со нив и дека секој судија треба да провери се што се однесува на предметот што го добил.
Откако ТНТ се врза во јазолот со спорните поронички, судијата Владимир Туфекџиќ предложи измени на Законот за кривична постапка. Тој предложи кога ќе се случи промена на составот на судечкиот совет, започнатата кривична постапка непречено да продолжи, откако на новите членови на судечкиот совет на седница затворена за јаноста ќе им бидат презентирани дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка.
Овој предлог кој има за цел да спречи оддолговлекување на судските процеси или нивно враќање на почеток во случај на променет состав на судечкиот совет, како што е случајот со двете судијки поротнички во судскиот предмет ТНТ на кои им завршува функцијата поради навршени 60 години го прифатил претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев, но адвокатите на засегнатите инсистираат да се почитува Законот за судовите и да не им се дозволи на поротничките со завршена функција и истечен мандат да седат во судечкиот совет.
Освен ова, Судскиот совет не успеа вчера да избере и шест нови судии во Апеацискиот суд, но неизесно е дали за ова ќе се расправа на седницата в понеделник.