Поправен дефектот на „Теодосиј Гологанов“ во Скопје

186

ЈП Водовод и канализација соопшти дека е саниран дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“, наспроти фабриката „Реплек“, посочувајќи дека водоснабдувањето е нормализирано во 13.45 часот.

Од претпријатието наведоа дека дефектот бил настанат поради технички неисправно затрупување на ровот, од страна на фирмата која барала приклучок за новоизградена зграда.

Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се издадени технички услови за приклучување на оваа зграда за што добила Решение, во кое е наведено дека ископот, затрупувањето и враќање во првобитна состојба треба да го изврши фирмата барател. Но, фирмата што ја гради зградата постапила нестручно при затрупувањето на ровот каде се наоѓа овој приклучок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...