Попоски: Македонија стана полуматурант, и власта и опозицијата да си го сменат менталитетот

2343
ФОТО: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Скрининг процесот на Македонија со ЕУ требаше да почне во 2005 година. Дете што тогаш се родило сега е полуматурант. Така и ние сега имаме полуматурант на кој треба да му го смениме менталитетот за да не заглави на патот кон ЕУ, порача поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски.

Тој претседава со Националниот совет за евроинтеграции со којшто состав денеска се сретна еврокомесарот Јоханес Хан.

Според него, нема зошто да се слави и да се прават концерти, туку мораме да согледаме дека луѓето во државата се малцинство во споредба со ЕУ мнозинството каде расположението е неутрално негативно.

-Нам ни треба промена на матрицата. Главен аргумент на власта е дека и претходните правеле така. Тоа треба да заврши. Одговорност носат и власта и опозицијата. Опозицијата треба да понуди решение не само да седи. Шест месеци треба самите да си направиме скриниг за капацитетот на нашите институции. Заедно да седнат власта и опозицијата и да го сменат менталитетот – порача Попоски.

ФОТО: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...