Поповски: Трагичната смрт на Саздовски да не се користи за политичко профитирање

Не постојат информации или какви било податоци кои се прикриваат или не се достапни за медиумите и граѓаните, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

359

Во случајот со младиот Никола Саздовски, чијшто живот, за жал, згасна прерано, јавноста е целосно и навремено информирана за активностите кои ги преземаа и се уште ги преземаат сите владини надлежни институции, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

„Владата на Република Македонија е пример за транспарентност, отчетност и одговорност кон граѓаните. Не постојат информации или какви било податоци кои се прикриваат или не се достапни за медиумите и граѓаните на Република Македонија. Министерството за внатрешни работи веднаш по несаканиот инцидент за настанот објави информација во дневниот билтен, а во наредните денови беа приведени и двајца од тројцата сторители“, се наведува во соопштението.

Воедно, се повикуваат сите државни институции да ја завршат постапката во однос на случајот транспарентно и со целосна посветеност во интерес на правдата.

Од Владата, истовремено, упатуват сочуство кон семејството на починатото момче.

Се апелира и до сите граѓани да се почитуваат различностите, да не се употребува говор на омраза, кој директно ја поттикнува спиралата на омраза.

„Крајно некоректно е трагичната смрт на Саздовски да се користи за политичко профитирање“, стои во соопштението од кабинетот на министерот Поповски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...