Пола милијарда е дупката во пензискиот фонд, огромен е долгот во здравствениот. Во колапс се институциите. Ме прашувате дали дојде живот? Јас ви кажувам дека добро е што сме живи, што преживеавме. Ова вечерва во „Само вистина“ го изјави министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Во дуелот на неделата, Поповски во студиото во „Канал 5“ беше пречекан од авторот и креатор на емисијата, воедно и директор на оваа телевизија, Иван Мирчевски.
Мирчевски и Поповски во најновото издание на „Само вистина“ разговараа за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.
– Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити
индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор – изјави Поповски.
Тој додаде и дека мора да се има трпение за реформите на новата Влада, но и доверба за преговорите со Грција.
– Три Илиндени имаме во нашата историја, во Уставот ни се пишани. Нас ни е потребен четвртиот Илинден. Да го решиме ова прашање достоинствено и за Република Македонија и за Република Грција, бидејќи кај нас е многу сензитивно и емотивно, но и од таа страна е сензитивно. Кога преговарате мора да внимавате и на чувствата на другиот, притоа колку и да ви изгледа нефер, некоректен спорот, наметнат, проблемот, како што велиме, што го има Грција со нашето уставно име итн – изјави
Поповски, на што Мирчевски го прекина дека не може да кажеме дека нас ни изгледа, туку тој е некоректен и наметнат.
Погледнете ги најинтересните моменти од „Само вистина“: