Пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска денеска објави дека ова е нејзин последен пратенички мандат.
– Ова е мојот последен ден во Собранието. Се повлекувам и нема повторно да се кандидарам за пратеник, исто како што пред една година се повлеков од лидерското место во ДОМ и оставив спремни луѓе да ја водат партијата.Очекував позитивна атмосфера на крајот во Собранието, зашто нели сите сме за избори. Но, има тензична атмосфера и дијаметрално спортивно ставови – рече Поповска за време на нејзината дискусија по првото гласање за Законот за јавно обвинителство.