Поповска: И домаќинствата можат да постават филтри на оџаците

312

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ на денешната јавна расправа за загадувањето во собраниската Комисија за транспорт и врски предложи во населените места каде што нема парно една од мерките за намалувањето на загаденоста да биде вградувањето филтри на оџаците на домаќинствата.

-Љубљана, има многу добри искуства со оваа мерка. Навистина тоа ќе ги чини домаќинствата, но ако сакаме да ги решаваме проблемите треба и да инвестираме – рече Поповска.

Доктор Драган Ѓорѓиев, пак, смета дека не е доволно само да се има мерки, туку треба да се има индикатори како тие мерки да се реализираат.

-Индикаторите, сепак се поразувачки за земјава. Годишно умираат по 1.200 лица како последица на аерозагадувањето – рече Ѓорѓиев.

Тој предложи во буџетите на сите институции да бидат одделени пари за здравјето на луѓето со што ќе се придонесе за подобрување на состојбата.

Ѓорѓиев смета дека државата треба да издвои и повеќе средства за научни истражувања и анализи и да им се верува повеќе на домашните стручни лица.

Гани Мехмеди од „Еко Герила“, пак, побара законско засилување на инспекциските служби, посебно во руралните општини каде што е тешко да се реализираат одредени мерки.

– Можеби е потребно и заслување на инспекторите со полициско присуство – рече Мехмеди.

Еколозите од ова друштво констатираат дека локалните власти скоро и да не се ангажираат за подобрување на состојбите.

Мехмеди презентира податоци според кои затворањето на „Југохром“ и дислокацијата на депонијата во Тетово за 60 отсто го намалиле загадувањето на Тетово.

Битолските еколози, пак, подвлекоа дека Битола мора да се спаси од прашината која ја испушта РЕК „Битола“ и да направи напор да го замени мазутот за греење во болницата, училиштата , општината и другите институции.

– Ние сме благодарни што градоначалничката не ослободи од плаќање билети за посета на националнипот парк, но и забележуваме што дозволува општината во која работи да се грее на мазут, болницата во која одат и нејзините деца да се грее на мазут – рече претставник од битолското еколошко друштво.

Татијана Чаклиева од О2 иницијативата, пак побара побрзи реакции во однос на спроеведување на мерките кои ќе ја подобрат состојбата.

-Зарем треба да чекаме уште 30 години за да ги видиме почетните ефекти од мекрите – рече таа.

Таа му забележа на заменик министерот Јани Макрадули што не ја прифаќа дефиницијата на Светската здравствена организација дека ПМ 10 честитките се сите канцерогени.

Таа побара да се има предвид и дивата депонија на линдан во Лисиче.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...