Попович: Забраната за мобилни телефони помогна да се подигне тимската хемија

197
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Селекторот на кошаркарите на САД им забрани на играчите да користат мобилни телефони и според него тоа придонело за подобрување на атмосферата.

– Одиме на Мундијалот со комплетно нов тим, вклучително и поради одбивањето на голем број играчи да настапат на ова првенство. Имаме многу малку време за запознавање и воигрување, така што забранив употреба на телефони. Ова веднаш даде резултати. Играчите се заинтересираа за животот на своите репрезентативни колеги и тие со задоволство ги слушаат приказните на секого, истражувајќи се меѓу себе. Ова ќе ни помогне за создавање хемија во репрезентацијата на патот кон остварување на нашите цели – изјави Попович.

Светското првенство во кошарка ќе се одржи во Кина од 31 август до 15 септември.

Американците ќе играат во групата Е со селекциите на Турција, Чешка и Јапонија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...