Температура до 37 степени и локална појава на краткотраен пороен дожд се очекува поладнево во западните и северните делови во државава.
Синоптичарите за следните денови прогнозираат дека ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а во сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места.
Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.