Попладне повторно порои и грмежи

209

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...