Попладне можни локален пороен дожд и грмежи

209
20150617 Wednesday 1347 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови.

Утринската температура ќе биде во интервалот од 6 до 14, а максималната дневна од 23 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време со температура од 12 до 29 степени Целзиусови. 

Во наредните денови продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер. Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови и тоа претежно во планинските подрачја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...