Попладнево, утре и задутре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Утре и во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови од Македонија.

243
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР за денеска попладне. Повеќе услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата доцна попладне и во ноќните часови. Локално е можна појава и на краткотрајно невреме со силен ветер.

Утре и во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови од Македонија.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат, а потоа ќе продолжи период на нестабилно време во попладневните часови.

УХМР препорачува, во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...