Во поплавите во Јордан загинаа најмалку 16 деца

145

Најмалку 17 лица загинаа, а 34 се повредени во поплавите што погодија јордански град во близина на Мртвото Море, јави ДПА.

Меѓу загинатите се најмалку 16 деца на училишна возраст, кои биле дел од група од околу 40 деца, кои заедно со наставниците биле на излет во таа област.

Службата за цивилна одбрана соопшти дека допсега се пронајдени 17 тела, а спасувачката операција продолжува. Во акцијата се вклучени и хеликоптери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...