Бројот на загинати по силните дождови ви Јапонија достигна 85 лица откако реките се излеале од своите корита и раселија милиони луѓе од своите домови, пренесуваат медиумите во очекување на уште еден доѓдлив ден.
Силните дождови ја погодија западна Јапонија со три пати повеќе вода отколку вообичаеното за јули. Дождот предизвика свлечишта и излевање на реките од коритата поради што голем број луѓе останале заробени во своите домови или на покривите.
-Никогаш не сме доживеале ваков дожд – вели службеник на јапонската метеоролошка агенција.
– Ова е екстремно опасна ситуација – додал тој.
Предупредувањата за силен дожд и натаму се на сила во три префектури, а се очекува дека до понеделник наутро во делови на островот Шикоку ќе наврне 300 милиметри вода.
Наредбата за евакуација и натаму е на сила за околу 2 милиони луѓе.