Поплавите во Србија направија хаос, евакуирани над 300 лица, исчезнат човек (ВИДЕО)

544
ФОТО: Курир.рс

По поплавите во Србија во некои места и понатаму состојбата е критична. Исчезнал човек, кој отишол да ја виде нивата.

Во општините во кои е прогласена вонредна состојба биле поплавени повеќе од 600 објекти и биле евакуирани 312 лица, пренесуваат српските медиуми.

Посебно тешка била ситуацијата во Сирча, каде по улиците имало загинати животни, а недостасувале и основни животни намирници.

– Ситуацијата во Белград е стабилна и врз основа на досегашните податоци, нема опасности од излевање на Сава и Дунав – изјавил градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ.

Посебно медиумско внимание доби багерист од Краљево, кој е наречен „херој“ поради тоа што успеал да спаси мост кој спојува пет села со градот односно 1.500 лица со остатокот од светот.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...