Поплавите во Кина зедоа над 200 жртви

29
ФОТО: EPA / STR

Најмалку 201 лице загина, а 63 се водат како исчезнати во големите поплави кои ја погодија Кина во текот на јули и август, соопштија локалните власти.

Последните поплави се случија во провинцијата Сичуан, каде според последните податоци загинаа осум луѓе, а 23 се водат како исчезнати.

Претходно овој месец загинаа 39, а исчезнаа девет лица при ударот на тајфунот Лекима.

Вкупниот биланс на жртвите минатиот месец изнесува 154, а повеќе од 1,3 милиони луѓе се раселени поради невремето.

ФОТО: EPA / STR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...