Поплавите во Индија зедоа 184 жртви, околу еден милион луѓе префрлени во кампови

35
ФОТО: EPA / PIYAL ADHIKARY

Индиските власти во изминатите неколку денови префрлија околу еден милион луѓе во кампови за итни случаи, додека бројот на загинати од поплавите од монсуните се искачи денеска на најмалку 184.

Јужната држава Керала, туристички рај познат по своите плажи е најтешко погодениот регион веќе втора година по ред, принудувајќи и затворање на меѓународниот аеродром Кочи за три дена минатата недела.

– Најмалку 76 лица загинаа, 58 се водат како исчезнати, а други 32 се здобиле со повреди – рече Памод Кумар, портпарол на полицијата во Керала.

Околу 288.000 луѓе низ најтешко погодените области во државата, вклучувајќи ги Вајанад, Малапурам и Кожикоде, се преместени во кампови за помош.

Најмалку 42 лица ги загубија животите и во соседната држава Карнатака, во која има најтешки поплави во изминатите години.

– Евакуиравме над 580,000 луѓе – изјави висок претставник на владата во Карнатака.

Многу клучни автопати и патишта низ погодените региони се оштетени.

Локалните служби за вонредни состојби и војниците од армијата, морнарицата и воздушните сили се распоредени за операции за пребарување, спасување и помош.

Индиските медиуми, исто така, објавија за 66 смртни случаи во западните држави Махараштра и Гуџарат, при што десетици илјади луѓе се префрлени во кампови за помош.

ФОТО: EPA / PIYAL ADHIKARY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...