Поплавата која во понеделник ја погоди Венеција сериозно ја оштети базиликата св.Марко што главниот куратор сликовито ја опишал со зборовите дека монументалната градба остарела за 20 години, пренесуваат агенциите.
– За само еден ден базиликата остаре 20 години, а можеби тоа е оптимистичка процена – рекол главниот куратор на базиликата св. Марко, Карло Алберто Тесерин, пренесува агенцијата АНСА.
Делови на црквата биле под вода 16 часа, во височина од 90 сантиметри од тлото, а тоа значи дека водата го оштетила мермерот, столбовите и бронзената врата, пишува агенцијата ДПА.
Од почетокот на милениумот ова е втор пат базиликата св.Марко да е поплавена, односно пети пат за илјада години од нејзината историја, пишува АНСА.
Последен момент е Венеција да добие подобар систем на заштита од поплави, рекол Тесерини и објаснил дека св. Марко е заштитен само од „acque alte“ до 110 сантиметри.
Во понеделникот висината на водата достигнала 156 сантиметри, а мерењето се обавува во однос на референтна нулта точка во близина на јужниот влез во Големиот канал.
Венециската катедрала не е единствената оштетена во поплавата, бидејќи водата накиснала и две платна на шпанскиот уметник Јоан Миро подготвени за изложба во палатата Загури, каде во четврток треба да се отвори изложбата „ Од Кандински до Ботера“.
Двете платна на Миро, вредат милон евра.