Попис на населението во 2020 година ќе има, но Предлог-законот за попис никако да дојде на дневен ред на седница на Владата. Иако се очекуваше, тој не стигна ниту на вчерашната седница.
– На 129-та седница не беше дискутирано за Законот за пописот. Очекуваме тој да биде во владина процедура на една од наредните седници. Верувам дека ги знаете и одлуките на Владата дека пописот ќе биде во 2020. Не постои некоја посебна причина што законот сѐ уште не се става на дневен ред. Истиот е во подготовка и се надеваме дека идната недела ќе биде на владина седница – изјави Мухамед Хоџа.
Дека законот ќе биде усвоен во Владата, најавуваше и вицепремиерот Бујар Османи во пресрет на последната владина седница во месец март. Но, и тогаш тоа не се случи.