Понудил 100 милијарди евра за 3 хектари земја, за да не го добие друг!

Во иднина, при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот.

3975

За да добие државно земјиште од 3 хектари на јавно наддавање, земјоделец понудил дури 100 милијарди евра, објави телевизијата Алсат-М.

Неговата понуда била избрана како најповолна и му било понудено да потпише договор со државата. Но, договорот тој никогаш не го потпишал. Земјиштето останало обраснато во трева. При тоа, со ваквата негова несериозна постапка, овој понудувач спречил ова земјиште да го добие некој кому навистина му требало за работа.

Случајот го објаснил Љупчо Николовски, министерот за земјделство, на прес-конференција, промовирајќи ја можноста при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...