Понудата од Заев за влез во Владата, на Мицкоски му е надвор од моралните принципи

2261

Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци кои туркаат агенди за спас на своите кариери, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако премиерот Зоран Заев обелодени дека ѝ понудил на опозицијата да биде дел од Владата за заедно да го „одбработат“ референдумот, но оти партијата го одбила ваквиот предлог, а останала цврсто на барањето за амнестија.

„Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи. Суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие кои што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој тврди ддека барањата за амнестија се измислени и треба да го покријат очајот на оние кои очигледно тонат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...