Конкурсот за директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје е поништен, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.
Актуелниот в.д. директор Русе Арсов останува на позицијата до следна одлука. На поништениот конкурс биле пријавени тој и пејачот Бени Шакири.
Кога ќе биде објавен нов конкурс, засега не се знае.